среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 166
home Култура

Праизведба на „Исмена“ од Катерина Момева во Велешкиот театар

Праизведба на „Исмена“ од Катерина Момева во Велешкиот театар

На сцената „Петре Прличко“ во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, со почитување на здравствените протоколи, вечер ќе биде праизведена монодрамата „Исмена“ од Катерина Момева, во режија на Елеонора Теова.

Монодрамата ја изведува актерката Моника Ставревска, а изведбата на музиката во живо е на Сашко Костов. Дизајнот на плакатот и промотивниот материјал е на Филип Коруновски.

Од театарот информираат дека според авторите на претставата, станува збор за артикулација на прашањата за потеклото и немоќта да се избега од сопствениот корен, за потребата да се одговорат егзистенцијални прашања преку соочување со минатото и непознатото во него – кое има лик на стапица за заробување на душата.

Коронавирус