недела, 5. декември 2021. Вести денес: 61
home Култура

Постхумна награда за Сабина Ајрула Тозија, свечено отворање на шестото издание на МФФ „Киненова“

Постхумна награда за Сабина Ајрула Тозија, свечено отворање на шестото издание на МФФ „Киненова“

Во киното „Милениум“, вечерва со почеток во 20 часот свечено ќе биде отворено шестото издание на фестивалот „Киненова“.

На свеченоста ќе биде доделена наградата за особен придонес на филмската уметност на актерот Мето Јовановски и постхумно на Сабина Ајрула Тозија, а на отворањето на Фестивалот ќе се прикаже филмот „СТРАХИЊА БАНОВИЌ / AS FAR AS I CAN WALK“ на Стефан Арсенијевиќ.

„Киненова“ и оваа година им отстапува простор на осум моќни, нови гласови чии филмови ќе се борат за престижните фестивалски награди.

-Им отстапиме простор на две документарни остварувања кои обработуваат исклучително интересни теми. „Киненова“ е благонаклонета и кон помалите кинематографии, па имаме и еден филмски претставник од соседно Косово, кој е вистински прирачник за реализација на мал, но силен филм. Полската и грчката кинематографија се во наш редовен фокус, додека португалскиот филм ни приреди вистинско позитивно изненадување. Проекциите на филмовите се во киното „Милениум“ и Кинотека на Македонија, велат организаторите на настанот.

 

Коронавирус