вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Култура

Поставена изложбата „Градење на македонската државност“ во Музеј на македонската борба

Поставена изложбата „Градење на македонската државност“  во Музеј на македонската борба

Во холот на НУ Музеј на македонската борба за самостојност поставена е изложбата „Градење на македонската државност“ посветена на столбовите на македонската држава – трите заседанија на АСНОМ.

По повод осум децении од Априлската војна (6-17.4.1941 г.), годишнината од Третото заседание на АСНОМ (14-16.4.1945г.), а во пресрет на 9 Мај, Денот на победата над фашизмот, изложбата претставува историско-документарно сведоштво за еден релативно краток историски период, кој е од есенцијално значење за современата македонска историја. Три тематски целини посветени на Првото, Второто и Третото заседание на Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) го портретираат патот кон слободата, поставувањето на темелите на македонската државност и сведочат за слободарските идеи, демократијата и човековите права.

Изложбата е дел од програмските активности на Музејот на македонската борба, поддржани од годишната програма на Министерството за култура, а може да се посети секој ден освен понеделник од 10 до 18 часот, почитувајќи ги сите мерки и работни протоколи во услови на ковид.

ЕУРО 2020

Македонија