вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 118
home Култура

Поплавен Драмски театар во Скопје, се стравува од можен пожар и сериозни проблеми

Поплавен Драмски театар во Скопје, се стравува од можен пожар и сериозни проблеми

Драмски театар ги откажа своите претстави на неодредено време, откако протекол кровот над сцената по обилните врнежи деновиве.

Тие апелираа на социјалните мрежи за побрзо санирање на проблемот со цел да продолжат активностите на вработените во оваа култура институција.

-Ви соопштуваме дека вечерашната претстава „Мојот маж” се откажува. Поради протекувањето на кровот над сцената и проток на вода во близина на струјните кола кои се наоѓаат во овој дел од театарот проценивме дека е небезбедно да не се изведуваат претстави додека истото не се санира. Водата може да предизвика сериозни проблеми, пожар, струен удар и слично, за што мора да консултираме експерти кои би дале дозвола за понатамошна работа.

И покрај нашите планови да ги вратиме на репертоарот претставите кои не беа изведувани поради кризата со пандемијата, и навистина големиот напор на актерите и вработените во Драмски театар во многу кратки рокови да ги вратат претставите на сцената, за жал техничкиот проблем не можеме да го санираме со сопствени сили. Се надеваме дека ова во еден догледен рок ќе се санира и ќе можеме да продолжиме со нашите предвидени активности, соопштија од Драмски театар.

Локални избори 2021