вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Култура

Поезија од Етернијан во американското списание „Езра“

Поезија од Етернијан во американското списание „Езра“

Во новиот број на американското универзитетско списание „Езра“ се објавени избрани песни од поетот Јовица Тасевски–Етернијан во препев на англиски јазик од американската поетеса Џудит Скилман.

„Езра“ е специјализирано списание во кое се објавуваат преводи на англиски јазик на дела од познати светски автори и осврти за преведени книги. Списанието го издава Универзитетот „Роџер Вилијамс“, а уредник е Питер Томсон.

Поезијата на Етернијан во списанието е објавена веднаш по новите препеви на англиски јазик на избрани песни од шпанскиот поет Рафаел Алберти, добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и на низа други угледни награди.

Во овој број се и  песни препеани на англиски од класиците Сергеј Есенин и Отокар Бржезина, препеви на песни од познатата современа португалска поетеса Роза Алиси Бранкo.

Јовица Тасевски–Етернијан е автор на шест поетски книги и на две книги со книжевни критики, есеи и студии. Негови песни се препеани на дваесетина јазици и објавени се во списанија и антологии во околу триесет држави. Ова е второ претставување на поезијата на Етернијан во списанието „Езра“ на Универзитетот „Роџер Вилијамс“.

МИА