недела, 21. јули 2019. Вести денес: 63
home Култура

Поетско читање во чест на Блаже Конески во ДПМ

Поетско читање во чест на Блаже Конески во ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне организира поетско читање во чест на поетот и лингвист Блаже Конески, еден од основачите на македонската писателска асоцијација.

Читањето е насловено „Џиџиња од зборови“ во духот на  една песна на Конески од неговата стихозбирка „Црн овен“ од 1993 година.

Поезија од Конески по свој избор, како и стихови од сопственото творештво, ќе читаат писателите: Соња Стојменска-Елзесер, Владимир Мартиновски, Ана Мартиноска, Атанас Чуповски, Магдалена Хорват, Иван Додовски, Жарко Кујунџиски, Јулијана Величковска, Живко Гроздановски и Драгана Евтимова.

МИА