вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 125
home Култура

Почнува Саемот на книга, првпат се одржува на отворено

Почнува Саемот на книга, првпат се одржува на отворено

Повеќе од 40-тина издавачки куќи ќе ги претстават своите најнови изданија на Саемот на книга 2020, што почнува денеска на отворено во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот под монтажни објекти. Ќе се одржува до 14 септември под слоганот „Замисли еден поинаков поглед“.

Преземени се сите безбедносни мерки за заштита на јавното здравје, поради кои Саемот на книга првпат се одржува на отворен простор. Како што е најавено, на саемот ќе има голем број промоции и големи саемски попусти до 70 отсто.

Саемот на книга и годинава е организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија.

Работното време на саемот е од 10 до 20 часот, а на 14 септември од 10 до 17 часот. Влезници за саемот можат да се купат и преку оn-line електронскиот систем на www.karti.com.mk по цена од 30 денари .

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура.

Коронавирус