недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Култура

Почнува проектот „Музејска едукација преку цртежи“ на Археолошкиот музеј

Почнува проектот „Музејска едукација преку цртежи“ на Археолошкиот музеј

Археолошкиот музеј денеска започнува со проектот „Музејска едукација преку цртежи“. Музејските предмети ќе ги објавуваат на нивните социјални мрежи – на фејсбук и на новиот инстаграм профил arheoloshki_muzej.

Како што посочуваат од Музејот, секој кој ќе се вклучи во овој проект потребно е да ги сподели цртежите со #МузејскаЕдукација преку #Цртежи и да го тагне профилот на музејот. Сите деца кои ќе бидат дел од оваа иницијатива ќе бидат поканети на бесплатна едукативна работилница во нивното едукативно катче, а за возрасните кои ќе се вклучат ќе следи бесплатна посета на Археолошкиот музеј веднаш по завршувањето на вонредната состојба.

– Во овие денови на изолација за #СедиДома на децата им се потребни најразлични едукативни активности. Преку оваа активност децата, цртајќи ги музејските предмети кои ќе ги објавуваме, ќе се запознаат со археологијата и нашето богато културно наследство, како и со примената на тие предмети во минатото. Ги охрабруваме и возрасните да се приклучат во овој креативен проект и да ги споделуваат со нас нацртаните цртежи, се вели во соопштението

Коронавирус