недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 73
home Култура

Почина познатиот македонски академик и прв министер за култура

Почина познатиот македонски академик и прв министер за култура

Замина академикот Цветан Грозданов, еден од најреномираните византолози на Балканот. Почина по долгогодишни здравствени проблеми. Имаше 82 години. Зад себе остави огромен легат на полето на црковната ликовна уметност и нејзината историја. Особено ќе биде запаметено неговото дело посветно на св. Климент Охридски, објави порталот Факултети.мк.

Цветан Грозданов е роден во Охрид, во 1936 година. Дипломирал и докторирал на групата за историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Белград, а специјалирал византологија во Париз.

Беше долгогодишен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Беше првиот министер за култура во независна Република Македонија и во еден период претседател на Македонската академија на науките и уметностите. За своите дела носител е на многу титули и награди.