вторник, 20. август 2019. Вести денес: 114
home Култура

Почина нобеловката Тони Морисон

Почина нобеловката Тони Морисон

Добитничката на Нобелова награда за литература Тони Морисон почина на 88-годишна возраст во Њујорк, соопшти денеска нејзиниот издавач Алфред А. Кноф.

Морисон е прва Афроамериканка која добила Нобелова награда.

Шведската академија ја награди во 1993 година за „употреба на јазикот и визионерска сила“.

За романот „Сакани“, во кој мајката мора да направи трагичен избор дали да го убие бебето за да го спаси девојчето од ропство, таа доби Пулицерова награда во 1988 година.