недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 73
home Култура

По 10 години, „Lord of the dance“ вечерва настапува во Скопје

По 10 години, „Lord of the dance“ вечерва настапува во Скопје

По цели 10 години, врвната танчерска група „Лорд оф д денс“ (Lord of the dance), денеска ќе настапи во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ќе се претстави со целосно ново шоу – „Опасни игри“, кое ја претставува неверојатната авантура во борбата помеѓу доброто и злото.

„Лорд оф д денс“ на македонската публика ќе и го претстави најдоборото од ирскиот фолклор.

Извонредните 34 танчери, врвните акробати и најсовремената технологија ќе придонесат да биде доловена магичната приказна на сцената.

Како специјален гостин ќе настапи ансамблот ТАНЕЦ – светски докажаниот амбасадор на македонскиот фолклор кој веќе шест децении претставува уникатен симбол на македонската култура и уметност.