петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 66
home Култура

Петта самостојна изложба на Моника Ризовска

Петта самостојна изложба на Моника Ризовска

Младата уметница Моника Ризовска ја одржа и својата петта самостојна изложба насловена како „Vigorous“ во Концепт 37.  Беа изложени над 40 слики со комбинирана техника од масло на платно и акрил, а ние бевме сведоци на одлична дружба исполнета со многу топлина, ведрина и автентичност.

„Vigorous“ е сублимат од инспирацијата од секојдневието, притоа осврнувајќи го акцентот на вибрантна, енергична свежина и спокој преку тиркизните и жолтите бои, а некои од сликите имаа и дополнителна функционалност со додаток на внатрешна амбиентална светлина.

– Секоја слика засебно пренесува убава енергија, ведрина и спокој што во било кој простор освежува и не здосадува, вели Ризовска.

Со изложбата „Vigorous“ на Моника Ризовска уште еднаш имавме можност да се запознаеме со новите дела на младата уметница која со изразита креативна енергија успеа да долови разнолик колорит совршен за секој модерен и современ дом. Нејзините дела се со богата префинета ликовна имагинација и како таква пренесоа позитивна енергија, соништа, замисли и копнежи.

Изложбата е од отворен карактер, а ќе биде отворена до 7ми февруари.

Повеќе за атмосферата од отворањето на изложбата тука, како и на инстаграм профилот и нејзината веб страна.