петок, 24. септември 2021. Вести денес: 127
home Култура

Пендаровски ќе ја отвори изложбата „Ликовни блесоци“

Пендаровски ќе ја отвори изложбата „Ликовни блесоци“

По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, вечер во претседателскиот кабинет, претседателот на државата Стево Пендаровски свечено ќе ја отвори изложбата „Ликовни блесоци“ на која ќе бидат претставени автори и дела кои се приказ за виталноста и автохтоноста на историското колективно постоење и дејствување.

На изложбата во претседателскиот кабинет ќе бидат претставени дела на Димитар Пандилов Аврамовски, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Љубомир Белогаски, Димитар Кондовски, Боро Митриќески, Петар Мазев, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски-Гуте, Ристо Калчевски, сѐ до Ана Темкова, Родољуб Анастасов, Омер Калеши.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, во рамки на изложбата ќе има и резиме на околу 143 автори кои имаа најголемо влијание во изминативе 30 години, а чии дела ќе бидат дигитално претставени.

За време на настанот, млади уметници – студенти од Факултетот за ликовни уметности ќе изработуваат слика – мурал, што ќе биде донирана во хуманитарни цели, а ќе настапи и Долорес Поповиќ, актерка и композиторка.

Изложбата ќе биде реализирана во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија.

Коронавирус