петок, 21. септември 2018. Вести денес: 145
home Култура

„Патување со Големата мајка“ – изложба на ликовни творби од деца

„Патување со Големата мајка“ – изложба на ликовни творби од деца

Во Музеј на Град Скопје денеска во рамки на „Скопско лето“ ќе биде отворена изложбата „Патување со Големата мајка“ – ликовни творби на петгодишни деца од градинката „Детска радост“.

Нивните дела се резултат на запознавањето со археолошката поставка во Музејот на Град Скопје која им овозможила да патуваат низ времето и да дознаат како артфекатот од теракота од пред новата ера стигнал во музејската витрина.

Во приказната за Големата мајка-божица децата биле воведени со едукативни работилници во соработка со Институтот за етнологија при ПМФ и со посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари и ателјето на Симон Шемов.

Децата ги изработиле своите креации од различни материјали и ликовни техники – темпера, тесто, глина, фолија, колаж, гипсени плочки, порцелански чаши, текстил, кукли… а за овој проект направиле и сликовница.

МИА