понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 57
home Култура

Парадно концертирање на Градскиот дувачки оркестар

Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници,
Парадно концертирање на Градскиот дувачки оркестар

Денеска со почеток во 12 часот, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи променаден концерт со познатите таканаречени „Чекорници“ во Градскиот парк во Скопје.

На оваа музичка променада, ќе биде изведена следната програма: Младинска чекорница, Вардаре македонски, Патриотска чекорницa, Дикси парада, Вашингтон пост марш, 3-та Македонска бригада, Огномет на слободата, Во спомен на Ваташа, Работнички и За сите деца

Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници,

најразлични настани, давајќи им свечана нота на истите. На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон…

Коронавирус