вторник, 17. јули 2018. Вести денес: 107
home Култура

Отворена прва изложба на 84-годишен ликовен уметник од Струмица

Отворена прва изложба на 84-годишен ликовен уметник од Струмица

Првата самостојна изложба на 84 -годишниот Никола Трајков, дипломиран инжинер архитект од Струмица беше отворена синока во НУЦК „Антон Панов“.

Тој пред љубителите на ликовната уметноста се претстави со 47 слики работени во масло на платно со различни мотиви од земјите во кои престојувал и работел, но и со пејсажи од родниот град.

Промоторот на изложбата, Иван Јовев, истакна дека Трајков успеал архитектонската линија да ја претвори во уметност.

– Имаше малку проблем со бојата. Пред две години често пати ќе дојдеше и ќе ме прашаше како се мешат боите, со што да сликам, како да сликам и полека навлезе во техниката на сликање на уметнички дела. Создаде 47 дела, во кои повеќе се задржува на архитектурата, пејсажите и го слика тоа што нему му лежи, но и да покаже и да докаже дека може да го прави тоа, рече Иван Јовев од НУЦК „Антон Панов“, кој ја прогласи изложбата за отворена.

Никола ТрајковАвторот во своето кусо обраќање истакна дека секој може нешто да направи, за се треба волја и тоа не само за уметноста, туку и за се во животот. – На мои години често пати работам и на мојата струка, давам идеи и правам проекти, рече Трајков, кој зад себе има проектирано многу импозантни дела во земјава и странство.

Инаку, Трајков почнал да слика пред две години со маслени бои, а на отворањето на неговата прва изложба имаше голем број посетители.(МИА)