сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 57
home Култура

Отворена изложба на уметникот Лена Ѓуриќ

Отворена изложба на уметникот Лена Ѓуриќ

Во Берово синоќа беше отворена изложба на слики во техника масло на платно со мотиви инспирирани од убавините на светот, подготвена од уметникот Лена Ѓуриќ од Свети Николе. Сликите се изложени во комплексот Аурора, а изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

– Посебно сум почестен со изборот овој настан да се случи токму во Берово и особено ми е драго што на оваа изложба се забележува дека природните богатства во нашето гратче може да бидат инспиративен мотив во некое од изложените уметнички дела, рече Пекевски.

Македонскиот уметник Лена Ѓуриќ повеќе од 30 години живее и твори во Париз, а со изложбата првпат се претставува во Берово.

– Во моите слики кои се со наративни содржини и со впечатлива колоритност е содржана тријадата која ја чинат сетилата, емоциите и интелектот, нешто без кое ниту едно уметничко создавање не е можно, вели Ѓуриќ.

Во рамки на изложбата во Берово, беа претставени 30 слики во техника масло на платно и акварел.

МИА