сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 35
home Култура

Отворена годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп

Отворена годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп

Во ликовниот салон на прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков” синоќа беше отворена годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп за 2021.

Изложбата ја отвори уметникот Методи Исков, претседател на ДЛУП, кој рече дека е изложено едногодишното творештво на 20 уметници, сликари, скулптори, членови на Друштвото.

Во наредните две недели посетителите ќе може да се запознаат со делата на ликовните уметници: Методи Исков, Елена Димоска, Верче Николоска, Давид Атанасоски, Александар Џинго, Марта Макеска, Маја Најдоска, Ангела Башеска, Александра Богоеска, Павлина Илијоска, Анита Сотироска, Бојана Артиновска, Емил Солески, Ферди Булут, Кристина Малинческа, Марија Ѓорѓиоска, Славчо Павлоски, Филип Перески, Драган Алпи, Васил Костов, Михајло Ристески и Златко Крстески. (МИА)

Коронавирус