среда, 23. јануари 2019. Вести денес: 128
home Култура

Отворање на изложбата „Спомени од Првата светска војна“

Отворање на изложбата „Спомени од Првата светска војна“

Во Музејот на македонската борба денеска напладне ќе биде отворена изложба „Спомени од Првата светска војна“ со која музејот се придружува во одбележувањето на 100-те години од крајот на еден од најкрвавите и најдраматичните настани од светската историја.

-Тематската мултимедијална изложба ги опфаќа најзначајните настани, процеси и сведоштва од Големата војна во Македонија. Преку различни видови и форми меморија – документарни материјали, фотографии, лични сведоштва, поткрепени со богат музејски фонд, изложбата ги презентира војничкиот живот, но и животот во време на војна од наша, автентична, перспектива, соопшти Музејот на македонската борба.