петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Култура

Откажано отворањето на две изложби во Чифте амам

Откажано отворањето на две изложби во Чифте амам

Националната галерија денеска соопшти дека поради потенцијалното ширење на коронавирусот и мерките на претпазливост кои ги препорача Министерството за здравство, откажано е најавеното отворање на двете изложби „Соблечени, женскиот акт како контекст“ и „Паднати ангели“.

– Сите посетители, почнувајќи од утре, во стандардите термини од 10 до 18 часот, секој ден од вторник до недела (освен понеделник) ќе можат индивидуално да ги погледнат изложбите во Чифте амам, се вели во соопштението од Националната галерија.

Изложба „Паднати ангели“ на канадскиот уметник и графичар Ги Ланжевин е во рамки на одбележувањето на Деновите на франкофонијата, во организација на Амбасадата на Канада и Националната галерија.

Изложбата „Соблечени, женскиот акт како контекст“ е од колекцијата на Националната галерија и беше организирана по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

Коронавирус