петок, 3. декември 2021. Вести денес: 11
home Култура

Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Зимски соништа“

Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Зимски соништа“

Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Зимски соништа“. Како солист ќе настапи виолистот Тимоти Ридаут од Велика Британија, диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концертот за виола во е-мол, оп. 85 Транскрипција од Kонцертот за виолончело од Едвард Елгар и Симфонијата број 1 “Зимски соништа“ од Чајковски.

„Зимска приказна“ е првата симфониска музичка приказна на големиот руски композитор со која на фантастичен начин го најавил својот потентен оркестарски опус.

Тимоти Ридаут е еден од водечките млади солисти на светската музичка сцена. Тој е уметник на новата генерација на „Би-Би-Си“ од 2019 година, a неговите концертни ангажмани оваа сезона вклучуваат настапи со оркестрите во Берлин, Бордо, Салцбург, Симфонискиот оркестар на „Би-Би-Си“… Настапувал со диригенти како Давид Цинман, Силвијан Кембрелинг, сер Андреас Шиф… Го нарекуваат виолист „чиј тон не може да биде посигурен, и чиј музички инстинкт инспирира самодоверба на секое можно ниво“.

Конрад Ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат. Се стекнал со популарност и кај оркестрите и кај публиката благодарение на посебниот начин на кој ги води пробите и изведбите.

Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам.

Коронавирус