сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 0
home Култура

Оперската ѕвезда Ана Дурловски настапи на новогодишниот концерт на минхенскиот радиски оркестар

Оперската ѕвезда Ана Дурловски настапи на новогодишниот концерт на минхенскиот радиски оркестар

Македонската оперска ѕвезда Ана Дурловски со петминутни овации беше поздравена од публиката на новогодишниот концерт на минхенскиот радиски оркестар.

Во престижната концертна сала „Херкулесал“ во Минхен таа изведе познати оперски арии под диригентската палка на Иван Репушиќ.

Дурловски од страна на германското БР радио беше најавена како „македонската дива и еден од најзначајните солисти на штутгардската опера”. Концертот беше пренесуван во живо на веб страницата на германското радио.

На новогодишниот концерт таа носеше креации на нашата креаторка Тања Кокев.

Коронавирус