понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 58
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Култура

Онлајн одбележување на Меѓународниот ден на музеите

Онлајн одбележување на Меѓународниот ден на музеите

Поради коронакризата и неможноста да отвори пригодна изложба, Музејот на Репулика Македонија ќе го одбележи онлајн Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај и на јутјуб-каналот ќе постави повеќе документарни филмови во согласност со темата на годинашното одбележување „Музеите за еднаквоста: Различност и инклузија“.

– Пошироката јавност преку овие филмови ќе има можност да се запознае со културата на Македонците и другите етнички заедници коишто кохабитираат во нашата земја. На тој начин, дел од разноличниот мозаик на етнолошко наследство на Република Македонија ќе биде достапен за сите луѓе подеднакво, соопшти Музејот.

Поради пандемијата од вирусот, оневозможен е физичкиот пристап до постојаните поставки, тематските изложби и другите содржини во музеите во поголем дел од светот.

Меѓународниот ден на музеите се одбележува на 18 мај – датум избран на Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ во 1977 година во Москва. Целта на одбележувањето е да се обединат креативните аспирации и напори и да се насочи вниманието на јавноста во целиот свет на нивната дејност.

На овој ден музите во светот традиционално ги отвораат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите, поставуваат изложби, организираат промоции или други настани со цел да го доближат движното културно наследство до што поголем дел од публиката.

Коронавирус