сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Култура

Објавена книгата „Корејски народни приказни“

Објавена книгата „Корејски народни приказни“

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Корејски народни приказни“ во избор, превод од јужнословенски јазици, прераскажување и со предговор на Киро Донев. Книгата, всушност, содржи триесет народни приказни, преданија и легенди.

– Корејската народна книжевност ја претставуваат некол­­ку познати епови и безброј сказни и легенди изник­на­ти во народот во текот на столетијата. Легендите, всушност, ја сочи­нуваат основата не само на корејската книжевност, туку и на корејската национална историја, бидејќи ги бележат сите настани, сите патила, сите настојувања на историскиот народ кон што подобар и посреќен живот, симнувајќи го од врат ропскиот синџир на освојувачите од север, исток и запад. Тоа е прикажано во сказните и легендите, во ликовите на луѓето – јунаците од народот, кои се подготвени во секој миг да си го жртвуваат животот за својата татковина, пишува во предговорот Киро Донев.

Тој објаснува дека корејските легенди и митови имаат тесна врска со бајките, понекогаш дури е тешко да се утврди каде завршу­­ва легендата а каде започнува бајката. Во многу од нив, како што вели, е присутна и реалната историја на земјата. Затоа во кореј­скиот фолклор има многу приказни за првите позна­ти пред­ци, основачите на древните корејски држави.

– Митски­те ликови се претставени како полуисториски, полулеген­дар­ни вла­де­тели или херои на Кореја… Во книгава е опфатен само мал дел од народ­ното книжевно творештво од корејската култура и уметност – само народните сказни, приказни и преданија. Ова книга ни го отвора светот на древната корејска тради­ција. Таа е книга за сите возрасти – како за децата, така и за нивните родители, баби и дедовци, истакнува Донев. (МИА)

Коронавирус