четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Култура

Објавен романот „Тивко рушење“ на хрватскиот писател Ивица Пртењача

Објавен романот „Тивко рушење“ на хрватскиот писател Ивица Пртењача

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Тивко рушење“ на хрватскиот писател Ивица Пртењача, во превод од хрватски на македонски јазик на Ленче Тосева.

Романот Тивко рушење претставува тематско и мотивско про¬должение на неговиот награден роман Брдо. Во Тивко руше¬ње авторот повторно се качува на „брдо“, но овојпат тоа се наоѓа во еден трошен стан во една загрепска улица. Главниот јунак, молер со диплома професор по литература, со својот помошник треба да ги истружат ѕидовите на еден стан и повторно да ги обојат. Се чини дека тоа е работа по негова мерка, зашто е прилично осамена рутинска работа, далеку од луѓето, во осаменост, токму како што сака тој. Но човекот што ги ангажирал и неговата животна приказна ќе ги променат животите на сите ликови во романот.

Тивко рушење може да се смета како трета книга од свое¬видната трилогија романи во која се и „Добро е, убаво е“ и „Брдо“. Во сите три дела основниот тематски мотив е осаменоста, а главниот лик е антијунак. Овој роман е покомплексен од претходните и е напишан со чист поетски јазик, со стилски прецизни реченици, преполн со необични метафори. Тивко руше-ње е напишан како контрапункт на Брдо.

Ивица Пртењача е роден во 1969 година во Риека, Хрватска, каде што студирал југославистика на Педагошкиот факултет. Пишува поезија, проза, драмски текстови и колумни. Ги објавил следните книги: Пишувањето ослободува (1999), Yves, поезија (2001), Никој не зборува хрватски (со Б. Чегец и М. Миќановиќ), двојазичен избор од поезија, хрватско/француско издание (2002), Земај сè што те смирува, поезија (2002), Добро е, убаво е, роман (2006), Неделен ручек, драма (2007), Суровост, поезија (2010, награда Киклоп), Брдо, роман (2014, награда ВБЗ), Тивко уривање, роман (2017), Бршлен, раскази (2017), Пливач, роман (2019), Тишината и нејзините моливи, поезија (2020).

Негови дела се преведени на дваесетина јазици, меѓу кои и на македонски јазик. Тивко рушење е неговата четврта книга објавена на македонски јазик. Претходно во Македонија се обја¬ве¬ни: Добро е, убаво е, Суровост и Брдо.

Според романот Брдо се снима долгометражен филм. Добитник е на повеќе книжевни награди, вклучен е во некол¬ку антологии и избори на хрватска поезија. Живее и работи во Загреб како самостоен уметник.

ЕУРО 2020

Македонија