петок, 21. септември 2018. Вести денес: 1
home Култура

Никој не остана рамнодушен: Силен и од срце паран трепет на младата Лина за татковината ги воодушеви сите (ВИДЕО)

Никој не остана рамнодушен: Силен и од срце паран трепет на младата Лина за татковината ги воодушеви сите (ВИДЕО)

Силен и од срце паран трепет за татковината, за родната грутка, со љубов исткаен во стихови, не остави рамнодушен ниту еден од присутните.

Стиховите на младата и надежна поетеса, Лина Рангелова, од песната создадена тематски, се недвојбено изблик на жарта што тлее во секое Македонско срце и ревносна желба да се искаже љубовта кон сопствената држава. Долгот кон татковината, историјата и своината секој кој ја љуби „мајката Татковина“ го искажува на себеси својствен начин, а Рангелова , со своите размисли на само 13 –годишна возраст, импресионира.

Показател дека секој кој се родил во Македонија, воспитуван во духот на верата , надежта и љубовта, како во ковчеже скапоцено со катинар заклучено за навек ја гаи и носи со себе Македонската кауза, Македонското патриотско чувство, а во оваа пригода испишано со Македонски јазик, тоа беше повеќе од песна, беше ода на татковината.

Слушнете ги стиховите на младата авторка, ученик во VIII 1 одделение, во основно општинско училиште „Јоаким Крчовски“, Крива Паланка, кај предметен наставник по македонски јазик проф. Горица Колевска. Пример за сите, како се сака и брани, со душа, но и со мастило -нашата Македонија.

Ирена Белешковска