сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 60
home Култура

Недела на детски филмови до 15 октомври

Недела на детски филмови до 15 октомври

Асоцијацијата на филмски дистрибутери АФИДИ Битола од утре до 15 октомври во седум градови низ Македонија ќе организира „Недела на детски филмови“. Ќе бидат прикажани четири филма за деца од 4 до 14 години, дел  синхронизирани на македонски и на албански јазик, а дел се со превод на македонски јазик.

Во соработка со дистрибутерските куќи „Узенгија“ и „Катавеј“ избрани се четири од поновата европска продукција: данскиот „Неверојатната приказна за џиновската круша“ и германските филмови „Планинско чудо: Неочекувано пријателство“, „Фантастичното патување на Роби и Тоби“ и „Помош, ја смалив наставничката!“.

Филмовите ќе се прикажуваат во Гостивар, Куманово, Свети Николе, Гевгелија, Радовиш, Кавадарци и Демир Хисар.  Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“.

МИА