среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 148
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Култура

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роден е македонскиот актер Владимир Ангеловски – Дади

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роден е македонскиот актер Владимир Ангеловски – Дади

Македонскиот актер Владимир Ангеловски – Дади е роден на денешен ден, 22 мај во 1946 година.

На шест години учествува во формирањето на првата Детска радио драма во МРТВ. Во тој период освојува три први места на Југословенскиот фестивал за детска Радио драма. Во Драмски театар прв пат настапува во 1962 година во улогата на Оливер Твист.

Официјално, како веќе афирмиран актер, станува дел од Драмскиот театар во 1966 година, каде веднаш му е доделена улогата на Принцот и Просјакот во истоимената претстава. Од 1967 година се врабутува во ДТС и учествува во сите проекти на театарот. Како поважни проекти од тој период се издвојуваат улогите во позната трилогија „Чук, чук Стојанче“, „Баш Челик“ и „Шекспир во приказни“, сите три во режија на Коле Ангеловски.

Во 1967 година игра во психолошкиот филм „Мементо” во режија на Османли Димитрие, а во 1988 игра е една од главните улоги во филмот „Викенд на мртовци”. Понатаму следуваат улогите во филмовите „Солунски патрдии” , во режија на Коле Ангеловски, „Калигула” во режија на Миле Гроздановски, „Рибарски караници”, серијата „Лото, лото”, во претставите „Мефисто”, и „Дунек”. Учествува и во сериите: „Агенција осамени срца”, „Училиште за кловнови”, „Трст виа Скопје”, “Битолски лакрдии” и многу други.

Дади учествуваше и во радио-телевизиската програма “Хихирику”. Има настапувано и во Австралија изведувајки познати македонски драми за тамошните Македонци. Значајни се улогите на Дади и во голем број од македонските народни приказни. Тој е единствениот актер кој 9 години по ред настапуваше на манифестацијата Глумците пеат.

Дади почина во ноември 2012 година по кратко боледување на возраст од 66 години.

 

Коронавирус