понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 67
home Култура

Музички настан во Кичево „Дуо Концерт-Пијано 4 раце“

Музички настан во Кичево „Дуо Концерт-Пијано 4 раце“

Директорот на Центарот за култура во Кичево Мазлам Османи најави дека во следните три дена во Кичево ќе се случат два музички настани, што според него, е добра увертира дека во претстојниот период културното живеење во градот ќе се подигне на повисоко ниво.

Тој посочи дека, со оглед на тоа што пред една година Центарот за култура доби на подарок концертно пијано, што ги подотвори вратите за да се организираат музички настани каде пијаното е водечки инструмент.

-Утревечер со почеток во 19 часот во големата сала од Центарот за култура ќе се одржи концерт за пијано „Дуо Концерт 4 раце“. На овој концерт ќе настапат гостите од Косово, искусниот пијанист Агрон Шујаку и младиот Ледијан Шала. Тие ќе се претстават со десет нумери и тоа:1.Дождливо,2.Ирис Илирика,3.Нешто за вас.4.Пролет во Приштина,5.Револуција,6.Сепак, 7.Контестус,8.Ѓиро Кастра,9.Равел-Болеро Кусума и 10.Фур елизе -џез верзија за пијано,рече Османи и напомна дека концертот ќе се одржи според сите протоколи на Министерството за култура издадени од комисијата за здравство за заштита од Ковид-19.Тоа подразбира носење на маска,физичко растојание меѓу присутните во салата и дезинфекција на рацете при влез во салата.

Агрон Шујаку своите први чекори на пијано ги имаше на 10 години. Средното училиште го започна во класата на професор Драгољуб Апостолов во 1990 година и продолжи со студии за пијано во класата на професор Лејла Пула Хаџиу.Дипломира во 1997 година а од страна на универзитетот му била доделена специјална диплома„ Истакнат студент“ за неговите достигнувања за време на студиите.Во 2011 година тој ги заврши магистерските студии на УКИМ Скопје и се здоби со титулата магистер по пијано.

Ледијан Шала е роден 2005. Покрај нижата музичка школа во Приштина каде по многу кратко успеа да ја совлада програмата за две години и трета и четврта година да ги заврши во една година.Учествуваше на неколку меѓународни натпревари каде ги освојуваше првите места и награди. Талентираниот Шала минатата година успешно изведе Дуо концерт заедно со префесорот Агрон Шујаку за класични дела за четири раце.

ЕУРО 2020

Македонија