вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 163
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Култура

Музејот на македонската борба за самостојност затворен за посетители

Музејот на македонската борба за самостојност затворен за посетители

Согласно препораките на Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19, Музејот на македонската борба за самостојност денеска соопшти дека оваа национална установа е затворена за посета. Комуникацијата со посетителите ја продолжуваат преку интернет локацијата www.mmb.org.mk и преку каналите на социјалните мрежи Facebook и Google business.

Од Музејот на македонската борба информираат дека почнале со интерактивната 3Д веб сцена посветена на Аферата Мис Стон која е на располагање на веб локација http://www.mmb.org.mk/elenston/.

Се работи за едукативна алатка со која може дополнително да се истражи овој историски настан, вклучувајќи ги главните ликови, бројки, податоци, но и да се доживее дел од атмосферата на постојаната музејска поставка.

– Ќе продолжиме со презентација на инклузивниот водич „Минато на дланка“ посветен на 13 тактилни предмети и аудио приказни преку кои ја доловуваме музејската поставка. Водичот е дел од Проектот за унапредување на пристапноста на музејот за слепи и слабовидни лица, поддржан од Балканската музејска мрежа, се вели во соопштението.

Во наредниот период Музејот ќе продолжи да објавува и музејски приказни од збирките и депоата со што, како што се наведува, ќе ја реализираме нашата мисија на истражување, промоцијата и едукација за нашето културно и историско наследство во новонастанатите околности.

Коронавирус