среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Култура

Музејот на Град Скопје ќе одбележи 70 години постоење

Музејот на Град Скопје ќе одбележи 70 години постоење

Музеј на Град Скопје денеска ќе одбележи седум децении постоење со промоција на монографијата „70 години Музеј на Град Скопје“, изложба и видеопроекција.

Во монографијата, која ќе ја промовира академик Вера Битракова-Грозданова, претставени се сите значајни предмети и уметнички дела од збирките на музејот, наведени се значајни настани и печатени изданија што се резултат на работата на неколку генерации музејски работници. По повод јубилејот, од 20 часот во Музејот ќе има и изложба и видеопроекција.

– Видеопрезентацијата преку фотографии во проекција од 360 степени, првпат изработена на нашите простори во 3Д-мапинг технологија, ќе ја опфати музејската и галериската работа во изминатите седумдесет години поделена на декади. Во секоја декада, почнувајќи од основањето до денес, се презентира Музејот и неговата досегашна работа, соопшти МГС.

На изложбата ќе биде претставен дел од најзначајните експонати од збирките на Музејот, уметнички дела и преглед на најзначајните настани (изложби, археолошки ископувања и истражувања, промоции и презентации…) и избор од најзначајните публикации во седумдесетте години од постоењето на институцијата.

Видеопроекцијата ќе може да се види само вечер, а изложбата ќе може да се посети до 12 март 2020 година.