недела, 4. јуни 2023. Вести денес: 73
home Култура

Мултимедијална изложба на Гордана Винчиќ

Мултимедијална изложба на Гордана Винчиќ

Во галеријата Ко-Ра во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на Гордана Винчиќ насловена „Лего со моето его“.

Проектот е мултимедијален и ретроспектива на творештвото на авторката во изминатите четири години. Винчиќ наведува дека овој дел од нејзиниот опус е нејзина длабока потреба по духовна авантура, а самата креација, вели таа, и го носи бараниот мир кој истовремено е подготвен повторно да биде немир.

– Овој мултимедијален проект е смислен визуелно да искаже еден од бројните начини како човекот може да се инспирира и самиот себеси да се остварува… Мојата игра е запишана во моите дела преку линија, форма, нарација и ритам. Воедно таа игра е рефлексија од моите автентични доживувања и средби. Во текот на творечкиот процес се раѓам и играм една провокативна игра, поттикната од сентиментот и егото, истакнува Винчиќ.(МИА)