четврток, 23. мај 2019. Вести денес: 59
home Култура

Мултимедијален концерт на Дарија Андовска во Малта

Мултимедијален концерт на Дарија Андовска во Малта

Композиторката Дарија Андовска ќе има целовечерен мултимедијален концерт во градот Сан Џулијан во Малта, насловен „Liquid-Crystal“ како и нејзиното авторско цеде  во издание на Сојузот на композиторите на Македонија-СОКОМ. Автор на видеата на концертот е Мартин Иванов.

Андовска работи како вонреден професор на Факултетот за музички уметности и на Факултетот за драмски уметности во Скопје.  Нејзините дела се изведувани, издавани и наградувани во триесетина земји. Избрана е меѓу најдобрите шест млади и актуелни композитори во Европа за MusMA- Music Masters on Air.

Добитник е и на наградата „Истакнат уметник на Град Цирих – композитор“ за 2014/2015, како и на домашните награди „Виртуоз“ – за најдобар композитор во 2013 и во 2015 година, и на „Панче Пешев“  во  2018 – награда на  СОКОМ за највисоко достигнување од областа на музичкото творештво. (МИА)