сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Култура

МНТ со „Отело“ вечер на 42. „Скопско лето“

МНТ со „Отело“ вечер на 42. „Скопско лето“

Македонскиот народен театар во рамки на годинашното 42. издание на манифестација „Скопско лето“ ќе учествува со две претстави. Меѓународниот проект „Отело“ од Вилијам Шекспир, во режија на Нина Николиќ ќе се одигра вечер, на големата сцена во МНТ со почеток во 20 часот.

Претставата е копродукција меѓу МНТ, БНП, Зеница ― БиХ и Перипетија продукција ― Скопје, а играат актери од двете земји: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Aлександар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ-Стилиќ, Александар Михајловски и Аксел Мехмед.

Сценографското решение е на Вишња Вујовиќ, Ивана Каранфиловска-Угуровска е костимограф, а на сценските движења работеше Димитриос Сотириу, текстот го преведоа Маја Трајаноска-Ивановска и Зина Агиќ, Крис Јегер работеше на дизајнот на светло, а композитор на музиката е Дуке Бојаџиев.

Втората претстава е комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од авторката Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото.

Во улогите на Таа и Тој играат првенците од ансамблот на Македонскиот народен театар, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ. „Само глас“ својата премиерна изведба ја имаше на 26 мај оваа година. Оваа претстава е закажана за 7 јули.

Билетите за изведбите се пуштени во продажба преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.

Коронавирус