вторник, 20. август 2019. Вести денес: 114
home Култура

Многу генерации израснаа со книгата: Се снима серија за Зоки Поки

Многу генерации израснаа со книгата: Се снима серија за Зоки Поки

Во основното училиште „Петар Поп-Арсов” во скопската општина Карпош почна снимањето на новата телевизиска серија „Зоки Поки”, модерна екранизација на култното дело на писателката Оливера Николова со која израснаа многу генерации.

ТВ серијата за најпознатиот македонски детски лик ја режираат Александар Поповски и Марија Апчевска, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ, а e во продукција на Кино Око, каде како главен продуцент се јавува Роберт Насков. Предвидено е снимање на десет епизоди според внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации.