вторник, 20. август 2019. Вести денес: 114
home Култура

Министерството за култура сака да ги укине надоместоците за пензии на доајените на културата

Министерството за култура сака да ги укине надоместоците за пензии на доајените на културата

Министерството за култура предлага да се укинат надоместоците за пензиите на доајените на културата како и титулата амбасадор на културата, во Предлог-законот за за остварување на јавниот интерес во културата. Предлогот во петокот беше објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) и на официјалната страница на Министерството. Според предлогот, надоместокот кој е во висина на разликата меѓу меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во земјава во претходната година и е околу 7.000 денари, ќе продолжи да се исплаќа само на оние што веќе го оствариле тоа право, пишува СДК.

Меѓу 72. доајени и уметници кои во изминативе години добија национална пензија се Милица Стојанова, Сабина Ајрула Тозија, Благој Чоревски, Михаил Ренџов, Веле Смилевски, Раде Силјан, Рамадан Шукри, Мајда Тушар, Васил Тоциновски, Халил Зендели, Санде Стојчевски. Надоместок користеа и имиња како Вања Лазарова, Владимир Георгиевски и Љупка Џундева, кои починаа изминативе години.