вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Култура

Министерство за култура: Конкурс за млади таленти и дефицитарни кадри од културата

Министерство за култура: Конкурс за млади таленти и дефицитарни кадри од културата

Конкурс за поддршка на стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри во областа на театарот, музиката, танцот, литературата, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот и заштитата на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство за 2019 година, деновиве објави Министерството за култура.

Со конкурсот ќе се обезбедат средства за поддршка на стручно усовршување на талентирани уметници и дефицитарни стручни кадри (за додипломски, постдипломски и докторски студии и специјализации) во странство со приоритет на студиите што ги нема во образовниот систем во Македонија.

Конкурсот трае до 30 ноември, а заинтересираните можат да добијат информации на www.kultura.gov.mk.