среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 136
home Култура

„Медена земја“- најдобар документарец за 2019 според њујоршките филмски критичари

„Медена земја“- најдобар документарец за 2019 според њујоршките филмски критичари

Организацијата на филмски критичари од Њујорк (New York Film Critics Circle – NYFCC) го избра „Медена земја“ за најдобар документарен филм за 2019 година.

Според изборот на NYFCC, најдобар филм во 2019 е „Ајришмен“ на Мартин Скорсезе. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на гала-вечер на 7 јануари во Њујорк.

„Медена земја“ минатиот месец освои две награди и на Изборот на критиката за документарци во САД во Њујорк. На режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов им беше доделена награда за најдобар прв документарен филм, а на главната протагонистката во документарецот – Атиџе Муратова ѝ беше врачена наградата за најпривлечен лик во документарец.

Филмот е и меѓу петте номинирани за најдобар документарец на Европските филмски награди за 2019 година кои ги доделува Европската филмска академија (ЕФА). За овој избор одлучуваат гласовите на 3 600 членови на ЕФА, а победниците ќе бидат прогласени на свеченост задутре (7 декември) во Берлин.