петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 62
home Култура

„Медена земја“ е македонски кандидат за Оскар

„Медена земја“ е македонски кандидат за Оскар

Филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов следната година ќе биде македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм “.

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ , прифатена и одобрена од американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, донесе одлука филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов да биде национален кандидат на Република  Македонија за оваа награда за 2020 година.