вторник, 23. април 2019. Вести денес: 68
home Култура

Македонскиот филм „Медена земја“ прогласен за најдобар светски документарец на „Санденс“

Македонскиот филм „Медена земја“ прогласен за најдобар светски документарец на „Санденс“

Главната награда од жирито на фестивалот на независниот филм Санденс ја доби документарниот филм „Медена земја“, во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска.

,,Медена земја” победи во конкуренција на документарни филмови на најголемиот американски фестивал на независен филм, Санденс.На 38. издание на фестивалот што се одржува во Парк Сити, Јута, филмот доби уште две награди: Котевска и Стефанов ја примија Специјалната награда од жирито за влијание за промена, а снимателите Фејми Даут и Самир Љума ја добија Специјална награда за камера.

„Што друго да се каже? Нашата мала земја е навистина желна да ја испрати оваа порака до Владата: ве молиме да го исчистите воздухот во најзагадената земја на светот“, рече продуцентот Атанас Георгиев при примањето на Главната награда на фестивалот, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд.