петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Култура

Македонската книжевност на Интернационалниот саем во Тирана

Македонската книжевност на Интернационалниот саем во Тирана

Автори од Република Македонија и нивното книжевно творештво, од 21 до 24 ноември се претставуваат на Интернационалниот саем во Тирана, соопшти Министерството за култура.

-Оваа саемска манифестација, која постои веќе 25 години, ужива репутација на еден од најзначајните настани во Република Албанија на кој редовно се претставуваат повеќе од 380 субјекти, меѓу кои и издавачки куќи од регионот. Саемот во Тирана отвора многу можности за интензивна соработка на издавачкиот сектор од Република Албанија со колегите од регионот, но поважно е што една од мисиите на оваа манифестација е да ги анимира читателите и да ги зголеми нивниот интерес и сознанија за литературата и книжевноста воопшто, се вели во соопштението.

Ова е прво поголемо претставување на Република Македонија на оваа саемска манифестација во чии рамки денеска е предвиден и национален ден. На овој настан ќе присуствуваат неколку автори од Република Македонија кои ќе имаат можност да остварат повеќе средби со претставници на издавачки куќи и со автори од Република Албанија, а на присутните гости ќе им се обрати и државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири. Во изложбениот простор што го обезбеди Министерството за култура за претставувањето на Република Македонија ќе биде изложена богатата продукција на издавачките куќи од земјава, како и капитални едиции, а ќе биде промовиран и Конкурсот за превод на репрезентативни дела од македонската книжевност на други странски јазици.

По претставувањето на Саемот во Тирана, во периодот од 29.11.2018 до 6.12.2018 година, Република Македонија ќе биде земја во фокусот на Меѓународниот саем на книгата во Пула, Република Хрватска, соопштуваат од Министертсвото за култура.

Локални избори 2021