понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Култура

„Маџирмаалски поетски бранувања“ во НУБ

„Маџирмаалски поетски бранувања“ во НУБ

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска напладне ќе се одржи манифестацијата „Маџирмаалски поетски бранувања“ и ќе бидат доделени награди за најдобрите автори што пратија песни на конкурсот.

Покрај главната награда „Маџирмаалски поетски бранови“ за 2019 година, ќе бидат доделени и две придружни награди за песни кои содржат мотиви поврзани со Маџир Маало и тематски кореспондираат со заложбите за афирмација на урбаниот живот, навиките и традициите.

На поетското читање ќе настапат наградените автори, како и другите поети што пратиле песни на конкурсот кој беше објавен во ноември.