петок, 10. јули 2020. Вести денес: 148
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Култура

Литературна е-Манифестација „Илинден 2020“

Литературна е-Манифестација „Илинден 2020“

Општина Илинден, во насока на промовирање на современите културни достигнувања, ја организира 21-та по ред Литературна манифестација „Илинден“.

Годинава, оваа престижна манифестација која што најде почесно место во календарот на македонските културни случувања, ќе има поинаков облик на одржување.

Поради актуелната ситуација и забраната за организирање на јавни собири, со цел да не им се одземе можноста на љубителите на поезијата да уживаат во убавината на пишаниот збор, за првпат се организира Литературна е-манифестација „Илинден 2020“.

На 21 Литературна манифестација „Илинден“ стиховите директно ќе се излеваат во домовите на почитувачите на пишаниот збор преку веб страната на општина Илинден (www.ilinden.gov.mk).

Повеќе информации на http://ilinden.gov.mk/info/literaturna-e-manifestacija-%E2%80%9Eilinden-2020%E2%80%9C

Уживајте во пишаниот збор на македонските поети и писатели, на поетите од странство, на младите автори и ученици од основните училишта во општина Илинден.

Парламентарни избори 2020