вторник, 20. август 2019. Вести денес: 33
home Култура

Лина Рангелова ја понесе Гран-при наградата ,,Димитар Гогов” на 45. Детски поетски фестивал ,,Мајски цвет” во Кочани

Лина Рангелова ја понесе Гран-при наградата ,,Димитар Гогов” на 45. Детски поетски фестивал ,,Мајски цвет” во Кочани

Триесеттина млади автори, членови на поетски клубови во основните училишта и општинските бибилотеки од нашата држава учествуваа на 45. Детски поетски фестивал „Мајски цвет“, чиј организатор е матичната библиотека „Искра“ од Кочани.

Во соработка со литературниот клуб „Копнеж“, тричлена жири-комисија ги разгледуваше пристигнатите творби и одлучи Гран-при наградата „Димитар Гогов“ да ја додели на Лина Рангелова, ученичка во IX одд. од ООУ ,,Јоаким Крчовски” – Крива Паланка за поетската творба „Чудно време“.

На фестивалот „Мајски цвет“ беше доделена и награда за најдобар ментор што ја доби Горица Колевска, наставничка во ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, ментор на Лина Рангелова.

-Се чувствувам многу среќно и гордо. Секоја година учествувам на овој фестивал, но оваа година посебно сум задоволна бидејќи токму јас ја понесов Гран-при наградата и се надевам дека во блиска иднина ќе биде отпечатена мојата прва стихозбирка. Благодарност до организаторите на овој прекрасен детски фестивал и секако голема благодарност до мојата наставничка, најдобриот ментор Горица Колевска. – рече Рангелова