петок, 24. септември 2021. Вести денес: 127
home Култура

Ликовните дела „Моите омилени нешта“ од Менсур Бојда изложени во Окајама

Ликовните дела „Моите омилени нешта“ од Менсур Бојда изложени во Окајама

Серијалот на ликовни дела насловени „Моите омилени нешта“ од уметникот Менсур Бојда денеска ќе бидат изложени во галеријата „2-16“ во Окајама, Јапонија.

Изложбата е организирана во соработка со галеријата „2-16“ и јапонскиот куратор Риота Сато и е овозможена од културните органи од градот Окајама.

Изложбата насловена „Моите омилени нешта“ на уметникот Бојда четврти пат ја изложува низ светот. Тој првпат овие дела ги изложил во Њујорк во 2019 година, а потоа и во Скопје.

Третата поставка на делата инспирирани од пијано копчиња беше отворена за публика до минатата недела во галеријата на Домот за култура „Бранд Петрушев“ во Богданци. Заедно со истоимениот серијал на изложбата беше изложена и принт едиција од селектирани цртежи и слики од скорешното творештво на Менсур.

– Делата се инспирирани од функционалноста, како и од изработката на пијано што создава разновидност на емоции, пораки и идеи од едноставен склоп на правила, на зададен редослед на црно-бели копчиња, вели Бојда.

Менсур Бојда е ликовен уметник кој во моментов живее и работи во Њујорк. Менсур е фигуративен експресионист и неговиот интерес досегнува до различни ликовни дисциплини како сликарство, цртеж, графика, скулптура, илустрација и стрип.

Коронавирус