вторник, 20. ноември 2018. Вести денес: 85
Breaking news:

Ројтерс: Груевски доби азил во Унгарија

home Култура

Културно лето „Три круши 2018“ во општина Кисела Вода

Културно лето „Три круши 2018“ во општина Кисела Вода

Со концерт на Дувачкиот оркестар при МКЦ вечер на локалитетот Три круши во село Драчево, почнува културното лето на општина Кисела Вода „Три круши 2018”.

Настанот, како што информираат од општина Кисела Вода, ќе го отвори градоначалникот Филип Темелковски.

Дувачкиот оркестар ќе се претстави со преработки на светски популарни музички хитови, додека Културното уметничко друштво „Китка“ од Драчево, ќе изведе традиционални македонски ора и песни.

Културното лето на општина Кисела Вода ќе трае до крајот на месецов.

(Миа)