сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 31
Во живо

Протест во Скопје – „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Култура

Конкурс за најдобра песна на „Празник на липите 2020“

Конкурс за најдобра песна на „Празник на липите 2020“

Поради околностите предизвикани од пандемијата, Друштвото на писателите на Македонија ќе ја одложи за подоцнежен период од годинава поетската манифестација „Празник на липите“ која традиционално се одржува во јуни.

ДПМ денеска го распиша наградниот Конкурс за најдобра необјавена песна на „Празник на липите 2020“, кој ќе биде отворен до 20 август оваа година. Членовите на ДПМ се поканети да пратат своја песна за конкурсот, на електронската адреса; [email protected] или по пошта на адресата на Друштвото на писателите на Македонија – ул. „Максим Горки“ 18, 1000 Скопје.

-Треба да пратат четири примероци а, исто така се охрабруваат, доколку се во можност, да испратат видеозаписи од сопствената интерпретација на песните, за да може пријавените песни да бидат објавувани во електронските медиуми во текот на конкурсот, соопшти ДПМ.

За изборот на најдобра песна на манифестацијата и оваа година ќе одлучи тричлена жири-комисија составена од истакнати членови на асоцијацијата. Доколку условите не дозволат реализација на поетското читање, тоа ќе биде организирано онлајн.

Манифестацијата „Празник на липите“ секоја година се организира со финансиска поддршка од Министерството за култура и под покровителство на Град Скопје. (МИА)

Коронавирус