четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 159
home Култура

Концертна изведба на „Травијата“ во НОБ

Концертна изведба на „Травијата“ во НОБ

Во Националната опера и балет вечер концертно ќе биде изведена Вердиевата „Травијата“. Диригент е Иван Еминовиќ.

„Травијата“ концертно ќе биде изведена и на 18 декември.

Со врвна солистичка екипа во улогата на Виолета Валери настапуваат Нада Талевска Спасовска (16.12) и Ана Дурловски (18.12), Алфред Жермон е Благој Нацоски, Жорж Жермон е Ристе Велков (16.12) и Борис Трајанов (18.12), Александра Василевска Лазаревски (16.12), Марика Поповиќ (18.12), Дејан Стоев, Драган Ампов, Борко Биџовски, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Од НОБ посочуваат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Коронавирус