четврток, 23. мај 2019. Вести денес: 58
home Култура

Концерт за деца „Со Дизни низ светот“

Концерт за деца „Со Дизни низ светот“

На барање на публиката, Македонската филхармонија вечер од 19 часот повторно ќе го изведе концертот за деца и за возрасни „Со Дизни низ светот“.

Ќе биде изведена музика од најубавите цртани филмови продуцирани од популарната компанија „Дизни“, меѓу кои од „Кралот лав“, „Мулан“, „Фроузен“, „Покахонтас“, „Малата сирена“, „Убавицата и ѕверот“…

Филхармонијата информира дека концертот е соодветен за деца над шест години. Оркестарот ќе го води диригентот Тимоти Редмонд од Велика Британија. хс/ бк/