четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Култура

Концерт „Вечер на соло песни на Томислав Зографски“ во Софија

Концерт „Вечер на соло песни на Томислав Зографски“ во Софија

Концерт „Вечер на соло песни на Томислав Зографски“ ќе се одржи денеска во концертната сала на музејот „Борис Христов“ во Софија.

На вечерта посветена на истакнатиот македонски композитор Томислав Зографски ќе настапат мецосопранот Хелене Ангеловска и пијанистот Дарко Мариновски. Настанот е посветен на македонската музика и незаборавните дела на македонскиот композитор.

Ангеловска е активен учесник на бројни семинари, мастеркласови како и оперски студија кај реномираните професори меѓу кои Гијмет Лоранс, Ричард Милер, Сузан Грам и др. каде пред се се специјализира за изведба на барокни вокални форми како кантати, миси, ораториуми и опери.

Мариновски од 2009 година е декан на Факултетот за применета музика на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА“ Париз-Скопје-Њујорк. Од 2013 година работи како соработник и професор во УГД – Штип. Тој е автор е на филмска и музика за театар и е уметнички соработник на повеќе истакнати македонски уметници. Има настапувано на реномирани настани во Италија, Франција, САД… (МИА)

Коронавирус